Халанд: Ова беше срамота, противникот нѐ надигра!

by riste
1 минути читање

Ерлинг Халанд им се извини на навивачите на Манчестер Сити за поразот од Бодо/Глимт кој го оцени како срамен.

Манчестер Сити загуби со 3-1 на гостувањето во Норвешка, Халанд ја презема одговорноста за неефикасноста и вели дека ова е срамен пораз за нив.

„Не сакам да обвинувам никого, но мора да преземеме одговорност, зашто ова не е доволно добро. Ние сме Манчестер Сити – не можеме само да шетаме по теренот и да не победуваме. Ова не смее да ни се случува. Преземам целосна одговорност за тоа што не постигнав голови и сакам да им се извинам на навивачите кои дојдоа на стадион. Ова беше срамно. Противникот не само што нѐ победи туку и целосно нѐ надигра“, изјави Халанд.

Со овој пораз Манчестер Сити ризикува да не обезбеди директен пласман во осминафиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×