Халанд објави фотографија со легенда на Манчестер јунајтед и напиша само еден збор (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Најверојатно најдобриот напаѓач на денешницата и фудбалер на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, се сретна со својот поранешен тренер, но и легенда на големиот ривал, Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшјер.

Двајцата објавија заедничка фотографија на социјалните мрежи, а Халанд под неа напиша само еден збор: „Знаење“.

Под водство на Пеп Гвардиола, Халанд сезонава веќе постигна 25 голови во дресот на Манчестер сити, а во исто време ја предводеше и Норвешка до пласман на следното Светско првенство.

Врската меѓу Халанд и Солшер, легендата и поранешен тренер на Манчестер јунајтед започна во норвешкиот клуб Молде, каде што Солшер го тренираше Халанд во раните почетоци од неговата кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×