Халанд не ја заборави навредливата песна на Кукуреља, брутално му врати на Шпанецот! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во центарот на вниманието на вчерашното дерби меѓу Челси и Манчестер Сити беше и дуелот меѓу Халанд и Кукуреља откако Шпанецот летово постојано пееше комична песна во која го исмеваше и норвешкиот напаѓач.

Халанд ги дочека своите пет минути и му врати на Кукуреља. Покрај тоа што го даде голот покрај него, имаше и еден интересен дуел.

Со еден потег го турна шпанскиот бек на земја, а потоа со насмевка помина покрај него додека тој се жалеше на грч во бутниот мускул.

По крајот на мечот Халанд беше запрашан за Кукуреља. Норвежанецот рече: „Добро, Кукуреља е смешен човек. Минатата сезона ми бараше дрес.. и ова лето пееше песна за мене“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани