Како што пренесува Дејли Мирор, Манчестер Сити води преговори со Ерлинг Халанд за нов договор според кој напаѓачот ќе има неделна плата од 500.000 фунти (околу 600.000 евра).
„Граѓаните“ не сакаат да го изгубат Ерлинг Халанд, па отвориле преговори за нова соработка со кој Норвежанецот ќе се обврзе кон Манчестер Сити до 2029 година.
Клубот од Етихад нема да штеди пари за оваа цел, па е подготвен да го направи Ерлинг Халанд најплатениот фудбалер во историјата на Премиерлигата со неделна плата од околу 500.000 фунти (околу 600.000 евра).
Сепак, има еден проблем, а тоа е откупната клаузула. Во моментов, Ерлинг Халанд има откупна клаузула од околу 150 милиони фунти (околу 180 милиони евра) и Манчестер Сити сака да ја тргне.
Од друга страна, агентите на Ерлинг Халанд инсистираат да има откупна клаузула, и како што пренесува Дејли Мирор, може да биде постигнат компромис со вметнување на откупна клаузула од 200 милиони фунти (околу 240 милиони евра).