Младиот напаѓач
на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд мошне брзо се адаптираше во дресот на „Милионерите“,
а таму продолжи онаму каде што застана во дресот на Салцбург, оправдувајќи до
последното евро вложените средства за него во зимскиот преоден рок.
19 годишниот
Норвежанец, за кого има голем интерес во фудбалска Европа, особено кај големите
гиганти, вели дека интересот од нив покажал дека тој работи на добар пат во
својата кариера.
„Секогаш е убаво
кога клубовите се интересираат за вашите услуги, тоа значи дека се сториле
нешто добро“ вели Халанд кој не ги заборава моментите кога помош добивал од
Оле Гунар Солшер во тимот на Молде.
„Јас како дете
пристигнав во Молде, а тој ми помогна многу, тој беше одличен реализатор, ми помогна
со тие напаѓачки вештини и сосема поинакви реализаторски методи, тој имаше
голема улога во мојата кариера“ додава Норвежанецот кој најавува дека ќе оди по
стапките на Златан Ибрахимовиќ, односно ќе посакува да менува средини по нови авантури
во својата кариера, а не крие какви импресии има од него.
„Ми се допаѓа
менталитетот на Ибрахимовиќ, исто така кај него ми се допаѓа тоа што правеше
трансфери од еден во друг клуб, во друга земја, што воопшто не е лесно, но тој
постојано постигнува погодоци, ми се допаѓа да го гледам сето тоа“ заклучи
Халанд.