Пред извесно време Ерлинг Халанд потпиша мега договор со Манчестер Сити до 2034 година, но и покрај тоа има клаузула која може да му овозможи заминување од клубот на лето.
Во договорот на Халанд не постои откупна клаузула, но има една друга која во моментов изгледа проблематична за Сити.
„Ел Национал“ тврди дека во договорот има клаузула дека ако Манчестер Сити не заврши во топ4, односно не избори место во Лигата на шампионите, Халанд може да побара трансфер и за соодветно обештетување да замине.
Манчестер Сити во моментов е на петтата позиција на табелата, но поголем проблем за тимот на Гвардиола е тоа што наскоро треба да биде соопштена казната за прекршениот финансиски фер-плеј, па ако им одземат бодови тешко дека ќе завршат меѓу најдобрите четири во лигата.