Халанд и Мбапе не се ниту блиску: Јамал е убедливо највреден фудбалер во светот (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Тинејџерската сензација на Барселона, Ламин Јамал, во моментов е убедливо највредниот фудбалер на светот, покажуваат најновите податоци на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС).

Според оваа анализа, вредноста на Јамал достигнува фантастични 343,1 милион евра, со што тој остави огромна разлика зад себе. На второто место се најде напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, чија пазарна цена е проценета на 255,1 милион евра, речиси 100 милиони помалку од младата ѕвезда на каталонскиот клуб.

Третата позиција му припадна на Килијан Мбапе со вредност од 201,3 милиони евра, додека во првата „петорка“ се најдоа и Џуд Белингем со 153,1 милион евра и Мајкл Олис, чија проценка изнесува 136,9 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×