Халанд ги почести вработените во репрезентацијата – им купи бургери! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд по речиси обезбедениот пласман на неговата репрезентација на следниот Мундијал одлучи на свој начин да им се заблагодари на сите вработени во националниот тим. Камерите го уловија како, веднаш по натпреварот, купува бургери од најблиската сендвичара и им ги дели на присутните.

„Капитенски потег во секој поглед“, прокоментира неговиот соиграч од средниот ред, Сандер Берге.

Иако Норвешка формално сѐ уште не е квалификувана, сценариото што би ги оддалечило од Мундијалот е речиси невозможно бидејќи во последното коло на гостувањето во Италија би требало да загубат со 9-0 за да го испуштат првото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×