Халанд ги надмина рекордите на Роналдо, Анри и Ван Перси, стана најакап играч во историјата на „Фантази“

by bojan
2 минути читање

Популарната игра „Фантази Премиерлига“ попладнево соопшти дека Ерлинг Халанд ќе биде првиот фудбалер кој ќе има цена од 15 милиони фунти, со ова Норвежанецот ги надмина Кристијано Роналдо, Тјери Анри и Робин ван Перси.

По трансферот во Манчестер Сити, Ерлинг Халанд игра во страшна голгетерска форма и собори еден куп рекорди.

Тој сега испиша историја и во популарната „Фантази Премиерлига“, Норвежанецот стана првиот играч со цена од 15 милиони фунти.

Претходно, лгендите како Кристијано Роналдо, Тјери Андри и Робин ван Перси го држеа приматот со цена од по 14 милиони фунти.

Минатата сезона, Ерлинг Халанд беше најпопуларното име помеѓу играчите, беше избран дури во 73% од тимовите.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани