211
Младата ѕвезда на Салцбург уште во јануари се очекува да го напушти австрискиот клуб, тоа му го дозволува откупната клаузула која изнесува не повеќе од 30 милиони евра.
Поради одличните перформанси, интересот за Халанд е голем, а норвешкиот весник „Ставенгер Афтенблад“ пишува дека фудбалерот и неговиот татко утринава биле видени на аеродромот во Сола како се упатуваат кон Манчестер.
Оле Гунар Солшер го купи Халанд во Молде од Брајн во јануари 2017 години и многу добро ги познава квалитетите на напаѓачот.
Се верува дека преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и наскоро Халанд ќе биде промовиран како ново засилување за Манчестер јунајтед.