Халанд е страшен: Во Англија за само три сезони го помина Роналдо!

by Стефан
1 минути читање

Ерлинг Халанд продолжува да испишува импресивни статистики во дресот на Манчестер сити, каде што за нешто повеќе од три и пол години стигна до неверојатни 147 погодоци на вкупно 168 натпревари.

Колку е силен овој учинок најдобро илустрира споредбата со Кристијано Роналдо, бидејќи норвешкиот напаѓач веќе има постигнато повеќе голови од Португалецот во двата негови престои во Манчестер јунајтед – од 2003 до 2009 и од 2021 до 2022 година.

Во тие два периода, Роналдо за „црвените ѓаволи“ реализираше 145 погодоци на 346 настапи.

Сепак, кога станува збор за вкупната кариера, Роналдо останува недопирлив, со фантастични 950 голови постигнати на клупско и репрезентативно ниво.

Халанд и оваа сезона ја потврдува голгетерската форма и по 16 одиграни кола во Премиер лигата се наоѓа на врвот на листата на стрелци со 17 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×