Во Франција
известуваат дека тамошниот прволигаш Амиен бил жртва на хакерски напад, а
станува збор за обид да се „украдат“ нивните 2 милиони евра од вкупно 12-те
милиони евра кои ги заработија од трансферот на Тангју Ндомбеле во Тотнем ова
лето. Проблемот се увидел откако хакерите почнале со операцијата по првичното
префрлање на почетните 2 милиони евра од трансферот на Ндомбеле.
Младиот Французин
беше доста посакуван фудбалер во европскиот трансфер пазар, а на крајот Тотнем
и Лион се договорија за трансфер кој изнесуваше 60 милиони евра, дел од колачот
му припаѓаше и на неговиот поранешен клуб Амиен.
На 3. август,
додека Амиен го организирал пристигнувањето на Легањес од Шпанија за
пријателскиот меч во рамките на претсезонските подготовки, внатрешниот сервис
за е-поштата на клубот бил хакиран. Фактура од 600 илјади евра била пресретната
и имало обид да се пренесат средствата на одредена сметка во Шпанија.
За среќа на
Амиен, трансферот на средствата бил блокиран навремено, а откако било увидено
за што се работи, се утврдило дека станува збор за планиран хакерски напад во
два наврати, а истиот соодвествувал со трансферите на одредени фудбалери, а полицијата
веќе води истрага за овој случај.