Англичанецот изминатиов викенд предизвика скандал откако беше упасен во 4 часот изутрина. Медиумите од „островото“ објавија дека Калум Хадсон Одои запознал манекенка на социјалните мрежи и ја поканал на „забава“ во својот пентхаус во Западен Лондон.
Но „забавата“ немала среќен крај, манекенката го пријавила фудбалерот, па напомош пристигнала полиција и брза помош.
Медиумите пишуваа дека имало расправија, но работата е многу посериозна, полицијата откри повеќе детали за приведувањето на младата ѕвезда на Челси, Калум Хадсон Одои завршил зад решетки поради сомнеж дека извршил силување.
„Кога брзата помош пристигнала на адресата, девојка пријавила дека била силувана. Таа веднаш е однесена во болница. Едно лице беше приведено под сомнеж дека извршило силување. Подоцна ова лице беше ослободено со кауција и обврска да се врати на средината од јуни. Истрагата продолжува“ – брифираат од полицијата.