181
Како што пренесуваат медиумите од Англија, Калум Хадсон Одои бил уапсен во
4 часот наутро во неделата. Младата ѕвезда на Челси на социјалните мрежи
запознал манекенка, флертувал со неа и ја поканил на „забава“ во неговиот
пентхаус во Западен Лондон.
Тој испратил автомобил по девојката и побарал таа да носи секси долна
облека.
„Беше многу гламурозна, како девојките кои ги гледаме на „Лав Ајланд“. Со
себе носеше луксузна Луи Витон ташна“ – раскажува сосед на Калум Хадсон Одои
Но „забавата“ не завршила според планот, настанала расправија, девојката го
пријавила Хадсон Одои, па во пентхаусот пристигнала полиција и брза помош, а фудбалерот
бил уапсен и завршил зад решетки.