212
По речиси три месеци од почетокот на новата сезона Хадерсфилд го забележа првиот гол на домашен терен и тоа беше автогол. Вечерва на „Кирклис Стадионот“ гостуваше Фулам, кој исто така се мачи и покрај тоа што инвестираше над 100 милиони фунти за засилувања.
Фосу Менсах беше трагичарот на мечот, дефанзивецот во 29. минута ја затресе сопствената мрежа.
За Хадерсфилд ова беше прва победа во сезоната со која го напушти дното на табелата, оваа позиција сега му припаѓа токму на Фулам.