Maнчестер сити би можел да се соочи со проблеми пред градското дерби со Манчестер јунајтед, напаѓачот Омар Мармуш најверојатно ќе го пропушти неделниот натпревар поради повреда која ја заработи играјќи за репрезентацијата.
Мармуш мораше да го напушти натпреварот против Буркина Фасо од квалификациите за Светското првенство уште во деветата минута. Голгетерот на тимот на Пеп се повреди уште во четвртата минута, се обиде да продолжи, меѓутоа набрзо даде знак дека не може да продолжи.
Од редовите на Манчестер сити ја потврдија повредата, но не открија колку ќе паузира.
„Почетните резултати на скенирања во Египет покажуваат дека нема да биде достапен за неделното дерби со Манчестер и подоцна ќе се процени кога ќе биде подготвен за враќање. Сити во Сити му посакуваат брзо опоравување“, порачаа од редовите на „граѓаните“.
Во редовите на Манчестер сити Мармуш пристигна во јануари 2025 година во трансфер вреден 75 милиони евра од Ајнтрахт.