Гвардиола веќе потроши рекордни 200 милиони фунти, но најдоброто го чува за крај

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола
прави голема реконструкција на тимот ова лето, и во две недели два пати го
сруши рекордот за најскап дефанзивец, најпрво со ангажманот на Кајл Вокер а
потоа и со Бенаџамин Менди.

Тој потроши преку
200 милиони фунти на засилувања што е рекордна сума за клуб од Премиерлигата.

Но Шпанецот нема
да застане тука и најдоброто го чува за крај.

Медиумите од „Островото“ пишуваат дека ангажман на нов офанзивен фудбалер е
приоритет до крајот на преодниот рок.

Како желби се две
имиња, Алексис Санчез од Арсенал и Килијан Мбапе од Монако.

Арсен Венгер во
неколку наврати порача дека Чилеанецот не на продажба, но Пеп Гвардиоал е
убеден дека ќе може да го купи Алексис Санчез за 50 милиони фунти.

Другата
алтернатива е двојно поскапа и многу покомлицирана зделка. За ангажман на
Килијан Мбале ќе бидат потребни повеќе од 100 милиони фунти.

Но Монако до овој
момент одолева на сите понуди, а и конкуренцијата за Французинот е многу
поголема, Килијан Мбапе е цел која Реал Мадрид не планира да ја пропушти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани