Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше уловен како разговора со Мохамед Салах во поттрибинскиот простор на Етихад, навивачите на Ливерпул веднаш му порачаа на стратегот да заборави на ангажман на Египјанецот.
Ливерпул вчера го совлада Манчестер Сити со 0-2, направи +11 на врвот на табелата, и полека му се насмевнува трофејот во Премиерлигата.
По крајот на натпреварот, Пеп Гвардиола беше уловен како разговара со Мохамед Салах во потрибинскиот простор на Етихад, нејасно е што дискутираа, но навивачите на Ливерпул веднаш му порачаа на стратегот една работа.
Мохамед Салах ги одработува последните месеци од договорот со Ливерпул, никако да пристигне абер за продолжување на соработката, па навивачите на социјалните мрежи го советуваат Пеп Гвардиола да не помислува да го донесе Египјанецот во Манчестер Сити, и да заборави на шокантен трансфер.
Mohamed Salah and Pep Guardiola chatting after the game ❤️😂 pic.twitter.com/cGNOgUMnq7
— Salah Updates (@SalahUpdates) February 24, 2025