Гвардиола: Тотнем е неверојатен!

by
1 минути читање

Тотнем е во
проблеми со повредени фудбалери во својот состав, секако, се издвојуваат Хари
Кејн, како и Деле Али, но, тимот на Маурисио Покетино викендов славеше
минимално со 1-0 на домашен терен против Њукасл, со гол во завршницата.

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола упати пофалби на сметка на
Тотнем, тим чиј менталитет е да игра до последниот судиски свиреж за победа,
а тој посочи и дека вечерва ќе посакува изненадување во Лондон, каде Вест Хем
на домашен терен го пречекува Ливерпул.

Тотнем е
неверојатен! Нивниот менталитет е да се борат, и да се борат до последните
минути од натпреварите
“ посочи Гвардиола, а потоа истакна и која е неговата
желба за вечерашниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул.

Преферирам Вест
Хем да се избори за победа над Ливерпул, тоа секако е мојата желба, но, од
друга страна пак, Ливерпул би преферирал да бидеме поразени од Арсенал,
едноставно, тоа не можам да го контролирам
“ заклучи Гвардиола.

Ливерпул во
моментов со меч помалку има два бода предност во однос на Манчестер Сити, следи
Тотнем со четири бода помалку од лидерот во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×