Гвардиола: Сурово е, но мора да го прифатиме ова

by
1 минути читање

Во еден луд натпревар Манчестер Сити е елиминиран од Лигата на шампионите, тимот на Пеп победи со 4-3, и поради гол повеќе во гости Тотнем оди понатаму.

„Тешко е. Бевме блиску да отидеме понатаму, сурово е но мораме да го прифатиме ова. Ова беше убав натпревар за сите. По 20 минути беше 3-2 и во второто полувреме направивме се, креиравме многу. Грешките во ова натпреварување се клучни. Пормашивме пенал во првиот меч, направивме грешки за првите два гола денес. Но игравме искрено. Се обидувавме до крајот. Она што го направивме во овие две сезони е неверојатно“, вели Пеп Гвардиола.

„Благодарност до фановите, ова беше неверојатна ноќ за нас, не сум го видел стадионот ваков откако сум дојден тука во Манчестер. Тажни сме за сите нив, но знам дека тие знаат дека дадовме апсолутно се и фудбалот е таков. Непредвидлив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×