Гвардиола сподели одлични вести, се враќа „моторот“ на Сити!

by 24 фудбал
1 минути читање

Добри вести пристигнуваат од таборот на Манчестер Сити во пресрет на утрешниот натпревар против Нотингем Форест во Премиер лигата, бидејќи Родри повторно е во конкуренција за настап,

Тренерот Пеп Гвардиола потврди дека шпанскиот репрезентативец значително ја подобрил здравствената состојба и дека постои реална можност да биде во составот. Сепак, конечната одлука ќе биде донесена непосредно пред мечот.

Родри е многу, многу подобар. Дали ќе биде достапен или не, ќе одлучиме денеска“, изјави Гвардиола.

Родри важи за еден од клучните играчи во системот на Сити, па неговото евентуално враќање би било големо засилување за актуелниот шампион, особено во периодот кога тимот влегува во напорен натпреварувачки ритам. Останува да се види дали Гвардиола ќе ризикува со негов настап или ќе почека целосно закрепнување на еден од најважните фудбалери во средниот ред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×