Гвардиола со прв коментар по одлуката на Кевин Де Брајне да го напушти Манчестер Сити

by bojan
1 минути читање
Гвардиола

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола вели дека ова е тажен тен по одлуката на Кевин Де Брајне да го пушти Манчестер Сити, смета дека фудбалерот од Белгија е еден од најдобрите во историјата на Премиерлигата.

Кевин Де Брајне нема да стави потпис на нов договор и по крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити.

„Ова е тажен ден“ – вели тренерот Пеп Гвардиола. „Тој е скромен фудбалер кој ни даде многу, има огромен придонес за успесите на Манчестер Сити, без него немаше да освоиме толку многу трофеи“.

„Тажен ден бидејќи губиме дел од нас… вака беше и кога си заминаа Винсент Компани, Кун Агуеро и Давид Силва“.

Стратегот потоа додаде: „Де Брајне е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Премиерлигата. Не сакам да покажам непочитување кон другите големи имиња, но нема сомнеж дека тој е еден од најдобрите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани