Гвардиола со чуден коментар за трансферот на Бонучи

by
2 минути читање

Леонардо Бонучи овој
месец го напушти Јувентус и за 40 милиони евра се пресели во Милан.

Италијанецот
минатото лето беше мета на Манчестер Сити, но тогаш „Граѓаните“ не можеа да се
договорот со Јувентус.

Пеп Гвардиола ова
лето потроши преку 140 милиони евра за засилување на дефанзивата, од кои 30
милиони евра за десен бек кој ќе биде само резерва.

Но со оваа сума
не беше решен проблемот во срцето на одбраната. Џон Стоунс игра под очекувањата,
Винсент Компани повеќе е повреден отколку што оспособен за настап, а ниту пак
Николас Отаменди може да се пофали со добри игри во серија.

Па многумина се
чудат зошто Пеп Гвардиола не реши да тргне по Леонардо Бонучи, за кого минатата
година рече: „Тој ми е еден од најомилените играчи
,

Запрашан за
трансферот на репрезентативецот на „Аѕурите“, менаџерот на Сити сега одговори: „Бонучи
беше играч на Јувентус кој се пресели во Милан
.

„Она што се
случуваше минатата сезона останува само минато
.

„Тој е
неверојатен играч од аспект на карактер, личност и сите други особини
.

„Затоа играше во
еден од најголемите клубови, во Јувентус
.

„Понекогаш го
купувате играчот кој го сакате, понекогаш не го купувате…
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани