146
Утрешното „Ел Класико“ ќе биде посиромашно за двете најголеми имиња на денешницата, Кристијано Роналдо и Лео Меси. Португалецот изминатово лето реши да го напушти Реал Мадрид и да започне нова авантура во Јувентус додека пак Лео Меси минатиот викенд се повреди против Севиља и ќе мора да паузира неколку недели.
„Дербито секогаш е специјално, нема фаворити но Барселона игра дома и тоа е одредена предност. Со или без Роналдо, Реал Мадрид останува топ тим“ – вели Пеп Гвардиола.
„Но загубија многу, околу 50 до 60 погодоци. ЦР7 е неверојатен фудбалер, не само за головите кои ги постигнува туку и асистенциите кои ги дава во клучни моменти. Тој е незаменлив“.