Гвардиола се премисли: Сега вели дека ништо не е готово

by Стефан
1 минути читање

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред дуелот со Вест Хем изјави дека сè освен победа би значело дека неговиот тим излегува од трката за титулата. Но, по ремито со „чеканите“, приказната е малку поинаква и сега поинаку размислува.

Арсенал на врвот на табелата има девет бодови предност во однос на Манчестер Сити, но и одигран натпревар повеќе. „Граѓаните“ во последните два меча од Премиер лигата испуштија четири бода, доколку ги совладаа Нотингем и Вест хем, табелата ќе изгледаше поинаку.

„Не, не е готово. Не загубивме и продолжуваме да се бориме“, изјави веднаш по натпреварот Гвардиола, кој овој меч не го водеше од клупата.

На прес-конференцијата тој истакна дека неговиот тим играл подобро, но дека сè уште има простор за напредок.

„Од почетокот на сезоната многу напредувавме, но работата сè уште не е завршена“, рече менаџерот на Сити.

„Фудбалот е непредвидлив. Тие имаа една шанса и постигнаа еден гол. Тоа ни се случувало и претходно. Во текот на целата сезона ние бевме тимот што имаше контрола во повеќе сегменти од играта, но не успевавме да постигнеме три или четири гола. Се сеќавам на натпреварот со Сандерленд што го игравме на 1 јануари, игравме одлично и создававме шанси. Потоа и против Челси, па против Брајтон, а еве и денес.“, додаде шпанскиот стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×