Манчестер Сити ова лето потроши преку 200 милиони фунти, од кои нешто над 120 милиони фунти беа за ангажман на тројца играчи од одбраната.
Но Пеп Гвардиола ја разгледува можноста да донесе уште еден дефанзивец, и тоа засилување за срцето на одбраната на „Граѓаните“.
„Среќен сум со Џон Стоунс, Винсент Компани и Николас Отаменди, но ќе видиме што ќе се случи, би сакал уште еден играч“ – вели Шпанецот.
„Но немаме многу пари за трошење“.
Пеп Гвардиола исто така сака уште едно звучно име во нападот, па се верува дека сите преостанати средства од трансфер буџетот ќе бидат наменети за оваа цел.
Алексис Санчез од Арсенал е топ трансфер цел, но во последно време се споменува и името на Килијан Мбапе, за кого Монако бара чисти 180 милиони евра.