700
Манчестер Сити не успеа да го победи ниту Евертон, тимот на Пеп Гвардиола одигра само 1-1 на Етихад, Халанд промаши и пенал.
Пеп Гвардиола е задоволен од играта на својот тим и покрај нерешениот резултат.
„Резултатот не е добар, но перформансите беа фантастични“, рече Гвардиола по мечот.
„Првото полувреме беше фантастично, до пеналот бевме навистина добри“.
„Од првата нивна акција постигнаа гол. Се разбира на крајот можевме и да загубиме поради таа нивна транзиција“.