Гвардиола пред реваншот со Реал ги изненадил фудбалер – донел одлука каква што не очекувале!

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, денеска ги изненадил своите фудбалери со одлука која ретко ја практикувал, пред утрешниот реванш од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, играчите добиле слободен ден и не морале да дојдат на тренинг.

Наместо тоа, Гвардиола им препорачал да поминат време со семејството и пријателите за да се одморат и ментално да се подготват за големиот дуел.

Тимот вчера по враќањето во Манчестер од дуелот со Вест Хем во кој ремизираше и изгуби два важни бода во трката за шампионската титула со Арсенал, одработи регенерациски тренинг. По двата последователни разочарувачки резултати, Гвардиола проценил дека најдобра подготовка за реваншот е токму да им се овозможи слободен ден.

Во реваншот утре од 21:00 часот, Манчестер сити ќе се обиде да ја надополни негатива од Мадрид каде што загуби со 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×