Екипата на Манчестер сити по лошиот период во јануарскиот преоден рок потроши 200 милиони евра на засилувања, но резултатите се уште не се какви што очекуваа навивачите.
Во вчерашниот натпревар „граѓаните“ беа поразени од еден од директните конкуренти во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите, Нотингем Форест.
По овој пораз Гвардиола порача дека неговиот тим до крајот на сезоната го чекаат десет финалиња.
„Ќе мора да победуваме за да се пласираме во Лигата на шампионите. Премиер лигата е се поквалитетна и посилна. Не чекаат деет финалиња и факт дека ако не победуваме доволно нема да бидеме безбедни. За се треба сами да се избориме, никој нема да ни помогне“, изјави шпанскиот стратег.
Во тие десет натпревари до крајот на сезоната ќе биде и градското дерби со Манчестер јунајтед кое е закажано за шести април на „Олд Трафорд“.