Манчестер Сити веројатно го има најсилниот состав во Премиерлигата, но ниту
тоа не беше доволно за Пеп Гвардиола да забележи успех во првата година на
Етихад.
Наместо битка за трофеи, Шпанецот ја имаше најлошата сезона во кариерата.
Пеп Гвардиола призна дека сигурно ќе добиел отказ во клубови како Барса и
Баерн, но „Граѓаните“ не се решија на еден ваков чекор.
Но не само што му даде втора шанса, Манчестер Сити на стратегот му обезбеди
и неверојатен трансфер буџет од 300 милиони фунти.
На Етихад веќе пристигна Бернардо Силва од Монако за 43 милиони фунти, но
зделката може да порасне и за дополнителни 20 милиони преку најразлични
клаузули.
И покрај тоа што Манчестер Сити изобилува со квалитетни офанзивни играчи од
средниот ред, Пеп Гвардиола инистира да го донесе и Алексис Санчез, кој се
проценува на околу 50 милиони фунти.
Стратегот ќе направи тотален ремонт на одбраната, Кајл Вокер и Бенџамин
Менди се желби за бековските позиции и дуото ќе чини околу 80 милиони фунти.
Пеп сака и нов централен дефанзивец, Вирџил ван Дијк од Саутемптон и
Леонардо Бонучи се главните цели.
На Етихад сигурно ќе пристигне и нов голман, се говори дека тоа ќе биде Едерсон од Бенфика за 35 милиони фунти, а веројатно ќе биде ангажиран и уште еден
дефанзивец од редот за врска.