Фулам и Манчестер сити вчера одиграа луд натпревар во Лондон во кој Манчестер сити на крајот славеше со 5-4, а Фулам во последните секунди пропушти голема прилика да израмни на 5-5 (ТУКА).
По работите што се случуваа на теренот беше интересно и на прес-конференцијата за новинари со стратегот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.
„Дали добро си поминавте дечки? Супер! Нели?“, започна Пеп, по што новинарите му одговорија:
„Вие? Дали уживавте?“.
„Јас? О, мој Бооже! Ја изгубив косата“, одговори шпанскиот стратег, па продлжи да се шегува.
„Мислев дека играчите се среќни што работат со мене, но денеска сфатив дека не се баш“, додаде Пеп по што продолжи со посериозен тон.
„Знам дека ќе ме прашате што се случи, но немам одговор. Ова е Премиер лига. Кога водиш 5-1 треба да е се завршено, вие почнувате да пишувате нешто како „Сити конечно се врати“…но, потоа моравте се одново“, искоментира предводникот на „граѓаните“.