Гвардиола откри кој негов поранешен фудбалер ќе стане голем тренер: Страшно интелигентен, ме разбра од прва

by bojan
2 минути читање
Гвардиола

Предвоникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има многу пофални зборови за Илкај Гундоган, смета дека капитенот на Германија има се што е потребно за да стане голем тренер.

Во пресрет на почетокот на Европското првенство, Пеп Гвардиола седна на разговор со медиумите од Германија и упати многу пофални зборови за Илкај Гундоган, кој за прв пат ќе ги биде капитен на „панцерите“ на големо натпреварување.

„Ми беше задоволство да зборувам со Илкај за тактики. Ја гледа големата слика, но во исто време ги гледа и најситните детали. Малите клетки кои го прават фудбалот игра. Убеден сум дека еден ден ќе биде голем тренер“ – вели Пеп Гвариола.

„Тој е страшно интелигентен, еден од најинтелигентните играчи кои сум ги тренирал. Илкај не зборуваше многу, но кога зборуваше, сите слушаа, па дури и јас како тренер. Беше многу јасен и прецизен“.

„Одлично се снаоѓа на сите позиции во средниот ред. Особено е добар кога се игра на мал, тесен простор. Знае да го одбере правиот момент, има неверојатна контрола на топката и прецизност во додавањата“.

„Играчот може да биде многу брз, или да има добар шут, но она што го прави да се истакне од другите е фудбалската интелигенција. Да ги носи правите одлуки под притисок, да знае што му е потребно на тимот во даден момент, ваков профил на играч обожавам“.

„Само еднаш му објаснив што сакам и што барам. Илкај ме разбра од прва и веднаш го имплементираше. Тоа е неверојатно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани