Гвардиола откри кој играч му е незаменлив во Манчестер Сити

by riste
0 минути читање

Манчестер Сити го победи Фулам со 3-0 во 26. коло од Премиер лигата и го одржа притисокот врз водечкиот Арсенал. Лидерот има три бода повеќе, но и натпревар помалку.

Стрелци на вчерашниот меч за Сити беа Семењо, Орајли и Халанд, но за Гвардиола друг играч е посебен.

„Бернардо Силва е незаменлив. Кога го нема во тимот, ние мора да играме на друг начин. Едноставно, не можеме без него. Тој е незаменлив“, рече Гвардиола.

Силва беше стартер на 22 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, а на четири влезе од клупата за резерви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×