Гвардиола откри кој е најдобриот тренер според него

by
2 минути читање

Според многумина
Пеп Гвардиола е најдобриот тренер на денешницата, но предводникот на
„Граѓаните“ има свое мислење на оваа тема.

Шпанецот верува
дека овој епитет му припаѓа на Марсело Биелса.

„Според мене,
најдобар тренер во светот е Биелса
– вели Пеп Гвардиола.

„Го ценам многу бидејќи
секој играч кој бил под негово водство успеал да забележи напредок. Не сум
сретнал ниту еден играч кој има лош збор за него
.

„Тој ми има
помогнато многу, ми давал добри совети секогаш кога сум разговарал со него
.

„Кога зборуваме
за тренерите, често се фокусираме на успехот и трофеите кои ги освоиле (Биелса
нема освоено ништо во Европа), но многу поважно е влијанието кое тие го
имаат…
.

„Среќен сум што
тој следната сезона одново ќе се врати на клупата
.

Популарниот „Ел
Локо“ неодамна беше потврден како нов тренер на Лил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани