Манчестер Сити немаше победа четири натпревари по ред во Лигата на шампионите, а мечот против Хофенхајм го почна очајно со гол примен во 44 секунда.
Тимот на Пеп брзо изедначи на 1-1, но победничкиот гол го постигна дури во 87. минута преку Давид Силва кој доби вистински подарок од одбраната на Хофенхајм.
„Во првата минута примивме гол и тоа не е лесно, но потоа се боревме како тим. Претходните две сезони не ни беше лесно но се квалификувавме во следната фаза на меч пред крајот, овој пат тоа нема да биде случај“, вели Гвардиола.
„Можеби за во иднина добро е што доживеавме една ваква ситуација. Не можете да одите во четвртфинале, полуфинале без да преживеете вакви моменти. Затоа денес е еден од моите најсреќни денови откако сум во овој клуб, бидејќи ова ќе ни помогне нас“.