160
Манчестер Сити
доживеа елиминација уште во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако на
два пати беше поразен од Ливерпул.
Пеп Гвардиола не
беше задоволен од делењето на правдата на реванш мечот во Манчестер, па сиот
бес го исфрли врз Лахоз, неговиот сонародник кој ја делеше правдата.
Причина за
неговата реакција беше поништениот гол за неговиот тим.
„Му реков дека
тоа беше чист гол кога топката дојде до Сане, затоа ме исклучи од натпреварот“
рече Гвардиола по мечот, а од снимките јасно се гледа дека не станува збор за
никаков прекршок над голманот на Ливерпул, Клариус, ниту пак офсајд на Сане.