300
Манчестер Сити ќе се судри со Борнмут во четвртфиналето на ФА Купот, а ова натпреварување е единствено во кое можат да дојдат до трофеј.
Сепак, ниту таков епилог нема да им ја спаси сезоната, тоа го кажа тренерот Пеп Гвардиола пред мечот со „црешите“.
„Секако дека би било одлично да го освоиме ФА Купот, а ќе биде сјајно и ако се пласираме во Лигата на ѓампионите. Дури мислам дека такви два резултати за нас сега би биле голем успех. Сепак, нашата сезона е лоша и тоа не може да се промени. Игравме под нашите стандарди и тоа е реалноста“, призна Гвардиола.
Манчестер Сити нема да ја одбрани титулата во Премиер лигата, а рано го заврши патот и во Лигата на шампионите.