Гвардиола: Никој не може да го направи тоа што го прави Де Брујне!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити го победи Кристал Палас со 5-2, враќајќи се од негатива од 0-2 и притоа гостите имаа поништен трет погодок. Шампионот на Премиер лигата освои важни бодови во борбата за Лигата на шампионите, а еден од најдобрите на теренот беше Кевин Де Брујне.

За перформансот на Белгиецот пофални зборови имаше тренерот Пеп Гвардиола, кој кажа:

Никој не може да го направи тоа што го прави Де Брујне. Ова беше една од оние партии кои многупати ги прикажуваше за овој тим. За жал, во последните 18 месеци не ги повторуваше често бидејќи често беше повреден и имаше операција. Кевин е единствен талент, има неверојатен преглед на играта. Кога еден играч е напред, а топката е кај Де Брујне, неговиот соиграч знае дека може да трча без размислување, секогаш ќе добие вистинска топка. Тој е гласен лидер, за овие девет години редовно беше лидер на тимот“.

Капитенот на Манчестер Сити по крајот на сезоната ќе го напушти клубот во кој ги бележеше најголемите успеси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани