Гвардиола: Немате поим колку многу пари заработувам, па не можам да се жалам од притисок!

by bojan
1 минути читање
Гвардиола

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека не може да се жали од притисок со оглед на огромната сума на пари која ја заработува.

„Граѓаните“ се во голема криза, на шест натпревари во низа не знаат за победа, а беа поразени на дури пет од овие шест натпревари.

Пред Манчестер Сити сега е гостување на Енфилд кај лидерот Ливерпул, и во пресрет на натпреварот, Пеп Гвардиола седна на интервју со Скај Спортс.

Стратегот беше запрашан дали чувствува голем притисок од лошата серија, а Шпанецот одговори: „Немате поим колку многу пари заработувам! На оваа плата, да се има притисокот е сосема нормална работа. Доколку не сакам притисок, ќе си ги спакувам работите, ќе поднесам оставка и ќе си одам дома“.

„Кога не победувате, луѓето ќе ве исмејуваат, ќе ве критикуваат, ќе ве „пеглаат“… Доколку не ви се допаѓа ова, слободно можете да се спакувате и да си одите дома. Но јас сакам да останам, да работам со фудбалерите, да им давам насоки и да го извадам тимот од кризата“.

Официјални бројки за платата на Пеп Гвардиола нема, но се шпекулира дека Шпанецот е најплатениот тренер во светот на фудбалот со примања од преку 20 милиони фунти по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани