Гвардиола нема да се појави на прес-конференцијата на Манчестер сити викендов

by Стефан
1 минути читање

Maнчестер сити в недела од 15:00 часот гостува на Кристал палас, а тренерот Пеп Гвардола нема да се појави на прес-конференцијата пред натпреварот.

Имено, од редовите на „граѓаните“ потврдија дека Гвардиола нема да излезе пред новинарите и него ќе го замени Коло Туре кој е асистент на Шпанецот.

Манчестер сити не откри повеќе детали и само наведе дека Гвардиола нема да се појави поради „лични причини“.

За Туре ова ќе биде прво вакво појавување пред новинарите откако пристигна во клубот пред една година како асистент на Пеп.

По 16. кола во Премиер лигата, Манчестер сити е на само два бода помалку од Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×