„Граѓаните“ го имаат еден од најдобрите состави во Премиерлигата, но некои играчи не се по мерка на Пеп Гвардиола, па сртатегот ова лето се ослободи од оние на кои не смета, и на нивно место носи скапи засилувања.
Шпанецот веќе потроши 130 милиони фунти на Бернардо Силва, Едерсон Мораеш и Кајл Вокер.
Но до крајот на летниот преоден рок ќе пристигнат уште три или четири нови имиња за кои ќе бидат платени барем уште 130 милиони фунти.
„Разговаравме со тројца или четворица играчи кои треба да ни се приклучат, потребни ни се за да го освежиме и реконструираме составот” – вели Пеп.
„Знаме кои играчи ги сакаме, ќе видиме што ќе се случи”.
Сити е блиску до потпис со Данило од Реал Мадрид за 26,5 милиони фунти, а „Граѓаните“ се надеваат дека ќе го купат и Бенџамин Менди од Монако за 50 милиони фунти.
Желба е и Алексис Санчез од Арсенал.