132
Холанѓанецот имаше одлична сезoна, па го привлече вниманието на најсилните екипи од Премиерлигата.
Ливерпул, Челси и Манчестер Сити се клубовите кои сакаат да го ангажираат Вирџил ван Дијк.
Долго време се говореше дека Ливерпул и Челси ќе водат тесна битка за потписот на дефанзивецот, но последните информации велат дека Манчестер Сити е тој што ќе ја „збрише“ конкуренцијата со фантастична понуда.
Медиумите од „Островото“ пренесуваат дека Пеп Гвардиола е спремен да одвои 100 милиони фунти за Холанѓанецот.
50 милиони фунти се наменети за Саутемптон како обесштетување, а преостанатите 50 милиони за играчот во форма на пет годишен договор и неделна плата од над 180.000 фунти.