Гвардиола: Не постојат слаби зборови за Ливерпул, најсилната екипа против која се имам соочено како тренер

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола го
декларираше Ливерпул како најсилната екипа против која се соочил во неговата
тренерска кариера, а оваа негова изјава доаѓа откако Манчестер Сити во
воведниот дел од сезоната во Премиерлигата засега не успеава да се носи со
својот ривал за титулата.

Актуелниот
шампион на Англија доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај незгодниот
Норвич, а тоа беше прв пораз за „Граѓаните“ од јануари па наваму, моментално,
разликата со тимот на Јирген Клоп на табелата во Премиерлигата е пет бода.

Треба да
разберете дека тоа што го сторивме во минатото не ви гарантира дека би го
повториле утре или ден потоа
“ рече Гвардиола на пресконференцијата во пресрет
на утрешниот меч со Ватфорд на домашен терен.

Противниците кои
ги имаме… Јас сум кажал повеќе пати, најсилниот тим против кого се имам
соочено во мојата кариера како тренер е Ливерпул, не постојат слаби зборови за
таа екипа, имаат се
во
составот, позициона игра, контра напади, опасни се од прекините, транзиција,
офанзива, дефанзива и менталитет, „Енфилд“ е посебна приказна
“ додаде
Гвардиола.

Доста интересно и
неизвесно беше до крајот на ланската сезона кога Манчестер Сити со бод предност
во однос на Ливерпул успеа да го подигне шампионскиот пехар на Островот, а
очекувањата се дека ќе има тесна битка помеѓу тие клубови и сезонава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×