Гвардиола наредил да се тргнат машините за чоколади и чипсови во тренинг центарот на Сити

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола наредил да се тргнат сите машини во тренинг кампот на Манчестер Сити преку кои се продавале разни чоколади и чипсови.

Фудбалерите мора да се придржуваат по насоките дадени од Гвардиола за здрава исхрана со цел да бидат во идеална физичка форма.

Гвардиола со себе во Манчестер Сити ја донесе Силвиа Тремоледа која е нутриционист и се грижи за исхраната на фудбалерите и стручниот штаб. Таа пет години работеше и со Лео Меси во Барселона.

Физичката форма му е многу важна на Пеп Гвардиола, тој смета дека само така фудбалерите би можеле да бидат максимално подготвени за барањата на теренот кој ќе им ги зададе.

Токму поради дебелината Самир Насри беше избркан од Манчестер Сити уште по првиот тренинг летоска, Французинот не ни доби шанса од Пеп Гвардиола и замина во Севиља.

Ова не е прва забрана од Пеп за фудбалерите, тој претходно нареди да нема интернет во соблекувалните на клубот со цел играчите да можат да комуницираат меѓусебе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани