195
Актуелниот лидер во Премиерлигата, тимот на Манчестер
Сити потешко од очекувањата обезбеди пласман во четвртфиналето од Лига Купот на
Англија откако во пенал серија со 3-1 славеше над Вулверхемптон, откако
претходно мрежите мируваа во регуларниот дел од средбата.
Големиот фаворит од синоќешниот меч имаше бледо издание а
тоа секако го увиде и шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола, кој по мечот
во топката со која играа фудбалерите го виде виновникот.
„Оваа топка не е прифатлива за натпревар за едно високо
натпреварување, прелесна е, тоа не е добра топка, не е можно да се постигне гол
со неа, а го говорам ова откако победивме. Не барам изговор, сите мои фудбалери
го рекоа тоа…“ изјави Шпанецот по мечот.