Пеп Гвардиола жестоко регираше по последниот свиреж и му се пушти на голманот Стефан Ортега откако Манчестер Сити испушти два гола предност против Брентфорд.
„Граѓаните“ оваа сезона се далеку од шампионскиот тим кој доминираше четири години во Премиерлигата, вчера примија гол во 92. минута и испуштија победа против Брентфорд.
По последниот свиреж на судијата, Пеп Гвардиола жестоко реагираше и му се пушти на Стефан Ортега и имаше прилично интензивна и тензична конверзација со голманот.
Pep Guardiola GOES OFF at Stefan Ortega after Manchester City blew a two-goal lead
— Optus Sport (@OptusSport) January 14, 2025
Watch https://t.co/pw74sTKZ7u pic.twitter.com/r4ju4KX6zq
На средбата со новинарите, стратегот даде чудно објаснување.
„Му кажав дека одигра навистина добро со топката во нозе, дека испрати страшно додавање до Халанд и дека навистина бев среќен и задоволен од неговата партија“ – рече Пеп Гвардиола.