Гвардиола му го „мести“ Агуеро на Реал Мадрид

by
1 минути читање

Иако до пред кратко време беше главна ѕвезда во тимот, Агуеро во последно време не е меѓу омилените фудбалери на Пеп Гвардиола.

На последниот натпревар против Вест Хем, Гвардиола одлучи да го седне Агуеро на клупата, а место во стартниот состав да му даде на новото засилување Габриел Жесус кој се покажа како одлична опција.

Реал Мадрид подолго време се поврзува со Агуеро, последните случувања во Манчестер Сити наговестуваат дека може токму идното лето да се случи премин на Аргентинецот во кралскиот клуб.

Гвардиола инсистира дека Агуеро не е на продажба, но фудбалерот сигурно не би сакал да седи на клупата за резервни фудбалери во Манчестер Сити, па доколку не се врати во стартниот тим ќе посака да замине од Англија.

Гвардиола може да биде причината за негово враќање во Мадрид, каде интерес има и од неговиот поранешен клуб Атлетико, а се шпекулира и со имињата на ПСЖ и Јувентус.

Последните месеци од сезоната ќе бидат клучни за иднината на Агуеро во Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани