Гвардиола може да биде среќен, добива големо засилување во важен дел од сезоната

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити влегува во важен дел од сезоната, а Пеп Гвардиола и навивачите сега добија одлична вест.

Бразилецот Савињо се враќа на теренот по паузата од неколку недели поради повреда.,

„Савињо можеше да заигра и против Солфорд, но сакаме да го зачуваме за предизвиците кои следат. На последниот тренинг беше одличен“. Гвардиола.

Исто така, во тимот по кратка пауза се враќа и Жереми Доку, што значи дека Пеп во клучниот дел од сезоната ќе има на располагање сите расположиви сили. Во офанзивата сега се Семењо, Шерки, Фоден, Савињо, Доку, Мармуш…

Ќе потсетиме, Сити заостанува четири бода зад Арсенал, со кој ќе се сретне и во финалето на Лига Купот, додека во Лигата на шампиони чека противник во осминафиналето, а ждрепката е на 27 февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×