100
Капитенот на Манчестер Сити, белгискиот дефанзивец
Винсент Компани ќе мора да паузира помеѓу седум и десет денови, пишуваат
медиумите на Островот.
На деталните лекарски прегледи кои искусниот Белгиец ги
направи во Барселона, утврдено е дека неговата повреда не е од посериозен
карактер, па така се очекува негово брзо враќање на фудбалските терени.
Оваа вест сигурно би го израдувала шпанскиот фудбалски стратег од клупата на Сити, Пеп Гвардиола кој сигурно со нетрпение го очекува враќањето на Белгиецот.