Пеп Гвардиола заедно со Роберто Баџо беше гостин во емисијата „Ке Темпо Ке Фа“ и раскажа интересна приказна од еден тренинг на Бреша.
На залезот од кариерта, Пеп Гвардиола го носеше дресот на Бреша, каде делеше соблекувална со големиот Роберт Баџо и учеше од стариот лисец Карло Мацоне.
„Се извинувам ако пуштам некоја солза, но станувам емоционален кога зборувам за Баџо“ – вели тренерот на Манчестер Сити.
„Го запознав на крајот од кариерата, кога неговото колено беше полно со лузни. Едвај се движеше, но и покрај тоа беше најдобар, можам само да замислам каков играч бил во најдобрите години“.
„Нема место во Италија каде што не го обожаваат“.
Потоа раскажаа интересна приказна од еден тренинг на Бреша и како тоа тренерот Карло Мацоне имал страв од кучиња.
„Никој не знаеше дека Карло Мацоне се плаши од кучиња, па кога еден соиграч донесе куче на тренинг, тој збесна, го направи парче, што се не му кажа“.
„Неколку дена подоцна, Роберто Баџо на тренинг доаѓа со лабрадор, и кога Карло Мацоне виде, почна да прашува чиво е кучето“.
„Кога му кажавме дека кучето е на Баџо, тој почна да пее друга песна, порача дека кучето може слободно да си игра, па дури и да му дадеме грицки“.